Италија, Шпанија и Грција ги затворија своите амбасади во главниот град на Украина, Киев, поради страв од голем напад. Тоа претходно го правеа Соединетите Американски Држави.
Американската амбасада претходно соопшти дека добила „специјална информација“ дека е можно да се подготвува голем воздушен напад врз Киев, поради што ја затвориле амбасадата.
„Како мерка на претпазливост, амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во амбасадата им е наредено да се евакуираат на безбедно. Амбасадата на САД препорачува граѓаните на САД да бидат подготвени веднаш да се евакуираат во случај да биде издадена воздушна тревога“, се наведува во соопштението.
Украинското разузнавање укажува на можен руски комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, а не се смета дека потенцијалниот напад е поврзан со вчерашната промена на руската нуклеарна доктрина, пишува Гаридан.
Укринфром објави дека во Киев е во сила воздушна тревога и дека во главниот град се слушаат експлозии.
Украинската армија, исто така, ги предупреди граѓаните за беспилотни летала над Киев и беа активирани системи за противвоздушна одбрана.