Следува период на стабилно и суво време со утринска магла по котлините

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец T=16°C. P=983hPa. U=85%. V=2m/s.

Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.