Македонија

Следува стабилизирање и пораст на температурите – до 39 степени кон крајот на неделата

Следува стабилизирање и пораст на температурите – до 39 степени кон крајот на неделата

По краткото дестабилизирање на времето, од понеделник не очекува период на стабилно, суво и потопло време, со постепен пораст на дневните температури.

Според најавите во четврток и петок температурите ќе се искачат од 32 до дури 39 степени Целзиусови.

За денеска и утре се најавува претежно сончево време со умерен до засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Граѓаните се предупредуваат на внимателност поради високите температури и засилениот ветер, особено во попладневните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни