Слика на Ван Гог продадена за неверојатни 36 милиони долари

За неверојатни 35,9 милиони долари е продадена сликата на Винсент ван Гог (1853-1890).

Оваа вест ја објави аукциската куќа Кристис од Њујорк на својата веб страница.

Се работи за слика која била украдена од нацистите за време на окупацијата на Франција, односно „Meules de blé“ (Купишта пченица) од 1888 година.

.Акварелот со тема жетва, прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, пишува Си-Ен-Ен. Ван Гог сликал акварел во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лоша здравствена состојба.

Оваа слика првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, но подоцна добила нов сопственик – Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.