Сложена операција изведена за прв пат во Клиничката Болница во Битола

Во Клиничката болница Др. Трифун Пановски во Битола денеска беше извршена операција кај пациентка со псеудоартроза (незараснување на скршеница) на десен фемур (бутна коска), каде претходно беше поставена интрамедуларна фиксација при што немаше знаци за зараснување веќе подолг период и тоа повеќе од година дена.

Од стручниот тим беше напраена ревизија каде се отстрани остеосинтетскиот материјал и се направи остеотомија, се постави автологен графт од Фибула и фиксација со остеосинтеза (коска од потколеница пресадена на натколеница).

Интревенцијата ја изведоа Др. Александар Обедниковски, Др. Александар Пупуноски, Др. Мартин Ристевски заедно со сестра инструментарка Даниела Стојановски, ретген техничарот Вадедин Јусуфовски, помошен персонал Розица Лингуровска, анестезиолог Др. Петар Василевски и анестетичар сестра Тања Кочовска.

На пациентката ѝ посакуваме брзо опоравување и заздравување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното