Македонија

Случај „Маѓар Телеком“ – Јанакиевиќ бара Бучковски да сведочи

Поранешниот агент Слободан Богоевски кој денеска требаше да сведочи за случајот Маѓар Телеком, не дојде на рочиштето поради ангажмани во една од работните групи во Влада.

Судијката Ленка Давиткова извести дека тој ќе биде повикан да сведочи на следното рочиште. Во меѓувреме, Ненад Јанакиевиќ, адвокат на обвинетиот, Атила Сендреи, побара на едно од идните рочишта да биде сослушан и екс премиерот Владо Бучковски во времето кога беше потпишан Протоколот меѓу Владата и Телеком Македонија.

Во врска со ова барање, обвинителката Лиле Стефанова ќе се произнесе на следните рочишта. Идното рочиште за случајот Маѓар Телеком е закажано за 24 април и потоа на 8 мај. Во овој случај обвинети се екс директорите на Телеком, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот. Исказите на сведоците и екс агентот, Слободан Богоески, пред судот во Њу Јорк, на случајот му дадоа нова димензија.

Тогаш, за прв пат во јавноста излегоа информации дека мито земале и екс премиерот Бучковски, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни