Адвокатот на Љубе Бошковски, Љубомир Михајловски – Џанго, сведочеше за случајот „Тортура“. Тој изјави дека на 6 јуни, 2011 година, еден ден по локалните избори околу 16 часот, му се јавил Љубе Бошковски, кој го повикал да оди во полициската станица во Гази Баба, бидејќи бил приведен. Според адвокатот, во текот на приведувањето, полицијата врз Бошковски вршела насилство, а тој не давал никаков отпор. Тој додаде дека е нејасно зошто неколку часови по приведувањето, овластените лица одлучиле повторно да го однесат Бошковски пред локалот каде бил приведен. Михајловски изјави дека овластените лица му рекле дека треба да го однесат Бошковски пред локалот „Воденица“ за претрес на возилото. Тој им рекол дека поминале 2-3 часа и за тоа време можело да се стави се во автомобилот. Во случајот “Тортура“ обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски и петмина припадници на единицата.