Слушнете ја новата песна на Даниел Тренчовски (видео)

Македонскиот пејач кој долги години живее и работи во Франција, Даниел Тренчовски, ја израдува својата публика со нова авторска песна која го носи насловот „Нема те“ за која сними и видео запис.

Зад песната „Нема те“ како автор на музиката и текстот се потпишува Михајло Јововиќ – Баја, додека аранжманот е дело на Дејан Савиќ – Киде.

Своја заслуга во песната имаат и Горан Зафировски – Смит (бузуки), Горан Илиќ – Пиле (гитари), Дејан Савиќ – Киде (клавијатури), Јована Ѓорѓевиќ (пратечки вокал) и Ивана Савиќ (пратечки вокал).

Слушнете ја песната и погледнете го спотот на Јутјуб.