Македонија

Сменети имињата на 136 институции, Владата во консултации со МАНУ и АРМ

Согласно Преспанскиот договор, Владата на РСМ го усвои законот со кој се предвидува да се сменат имињата на 136 јавни и државни институции. Неколку од нив ќе го добија префиксот „северна“, а некои “национална“.

Со ова измена се предвидува во имињата на иституциите каде се спомнуваше „Македонија“, да се смени со „Северна Македонија“. Од Влада информираат дека овие измени се направени согласно амандманите 33,34, 35 и 36, од Уставот.

Меѓу другото, ќе се променат имињата на овие институции: Од Влада на Република Македонија, во Влада на Република Северна Македонија, од Министерство за внатрешни работи на Македонија, во Министерство за внатрешни работи на Република Северна  Македонија, од Министерство за одбрана на Република Македонија, во Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, од Министерство за надворешни работи на Македонија, во Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија, од Државен архив на Македонија, во Државен архив на Република Северна Македонија.

Владата е во преговори со неколку институции за промена на името, како што се МАНУ и АРМ, чии имиња се уште не се сменети.

Од друга страна, претседателот на МАНУ, Таки Фити, минатата недела во емисијата Клик Плус, зборуваше за проблематиката со името на институцијата со која раководи. 

Промената на имињата на институциите ВМРО-ДПМНЕ ја нарече срамна постапка.

„Ние постојано велевме дека се обезличува Македонија, дека се обезличуваат Македонците дека сега ќе немаат со што да се идентификуваат.“, рече Стоилковски.

Останува отворено прашањето колку ќе ја чини државата промената на имињата и за колку време институциите треба да ги реализираат промените.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни