Смуди кое ќе направи чуда за вашиот организам

Џејми Оливер предлага одличен рецепт за смуди кое ќе направи чуда за вашиот организам. За да бидете фит и здрави важно е да го започнете денот со здрав појадок. На тој начин ќе ги започнете дневните активности сити и полни со енергија. Ви претставуваме едноставен рецепт за смуди од нашиот омилен готвач Џејми Оливер.

Потребни состојки:

  • 2 круши
  • 6 семки кардамом
  • 500 милилитри млеко од овес
  • 100 грама јогурт
  • 2 лажички мед
  • 2 лажички полен

Начин на подготовка:

Ноќта пред да го испиете смудито измијте ги и излупете ги крушите, па оставете ги во замрзнувач. Семките кардамом иситнете ги во аван. Иситнетите семки, крушите, јогуртот, млекото од овес и медот ставете ги во блендер и мешајте до посакуваната текстура. Ставете го смудито во чаши и посипете го со полен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното