Македонија

Снег во Македонија: 17cm на Попова Шапка, 2cm во Лазарополе…

Снег во Македонија: 17cm на Попова Шапка, 2cm во Лазарополе…

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm): 17 Попова Шапка, 2 Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С): -2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 2 Тетово, 4 Охрид, Претор, 5 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Битола, Прилеп, 6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Берово, 7 Струмица, Виница, 8 Куманово, Дојран, 9 Штип, Гевгелија, 10 Демир Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2): 34 Пожаране, 32 Дебар, 29 Маврови Анови, 23 Крушево, Лазарополе, Тетово, Претор, 19 Гевгелија, 15 Охрид, 16 Битола, 11 Тополчани, 10 Прилеп, 9 Куманово, 8 Скопје-Зајчев Рид, 7 Берово, Дојран, Попова Шапка, 4 Струмица, Демир Капија, Ѓуриште, 3 Скопје-Петровец, 2 Крива Паланка, Штип, 1 Виница.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА: Облачно со врнежи од дожд. Дуваше умерен, наместа силен ветер кој во Штип достигнуваше брзина до 75, а во Крива Паланка до 60 км/час.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни