Снег во Македонија, патиштата проодни, со влажни коловози

Утрово неколку градови во земјава со снег. Времето студено и суво, со северен ветер и утрински температури од минус 3 до минус 2 степени целзиусови. Синоптичарите најавуваат нови врнежи од снег, но велат дека од следната недела очекуваат само повремени врнежи од дожд.

Од АМСМ велат дека сите патишта низ земјава се проодни со влажни коловози. Забрана за движење во текот на денот имаше само на патниот правец Крива Паланка -Деве Баир.

Се вчитува...

Од Град Скопје велат дека се подготвени за врнежи од снег и дека службите се на готовс.

Снег врне на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Шар Планина и Смојмирово. Врнежите од снег сега за сега не предизвикуваат проблеми во воздушниот сообраќај и железничкиот сообраќај.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21