Бројот на дневни активни корисници на социјалната мрежа Снепчет се зголемил за неверојатни 293 милиони, што всушност е зголемување од 23 отсто во однос на истиот период минатата година.
Се работи за најголемиот раст во изминатите години.
Овој раст го надмима и Твитер, кој засега бележи 206 милиони активни корисници на дневна основа.
Вкупните приходи на оваа компанија се зголемиле за 116 отсто, односно на 982 милиона долари, што е најдобар резултат досега. Растот е побрз и во споредба со Фејсбук.
Се побарана е функцијата „Спотлајт“ слична на „Тик-ток“, која им плаќа на корисниците за нивните видеоклипови.
Бројот дневни активни корисници на „Спотлајт“ е поголем за 49 насто, а просечната количина на дневно објавена содржина е над трипати поголема.
Растот главно им се припишува на самоизолациите и карантините воведени поради пандемијата на коронавирусот, но и на подобрените функции на Андроид.
