Македонија

Со 35 тони вода и два авиони се гасеше пожарот во Липково

Денеска од страна на Дирекцијата за заштита и спасување беа исфрлени 35 тони вода на пожарот во општина Липково, во близина на селата Никуштак и Матејче. Водата била фрлена со два авиони.

– Пожари во овој период од годината не се паметат последниве децении- се вели во соопштението од ДЗС, додавајќи дека ситуацијата е алармантна и уште еднаш апелираат да се смири ситуацијата со пожарите.

Од таму повикаа за крајна совесност и веднаш да се прекине со палење на ливади, трева и стрништа.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни