Македонија

Со фалсификувани 100 евра си купил две штеки цигари

Во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која постојат сомневања дека е фалсификат.

Лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари.

Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни