Многумина се прашуваат како денес изгледа Азис, бугарскиот пејач кој некогаш се облекуваше како жена и ги поместуваше границите во поп музиката.
Познатиот бугарски пејач Азис стана голема регионална ѕвезда благодарение на неговиот специфичен глас, но и неговиот стас. Имено, неговите трансформации на сите им беа интересни, бидејќи беа многу радикални.
Азис со години ги поместува границите во поп-музиката, а тој е еден од ретките кои на сцената влегоа како трансродова личност, исто како и актуелната пејачка ѕвезда Алина Јухарт.
Бугарската пејачка најмногу носеше женска облека, силна карактеристична шминка, како и екстремно високи потпетици. Неговиот глас наликуваше и на женски, а специфичните фризури беа неговиот потпис.
Веднаш со него соработуваа некои српски пејачки, меѓу кои и Јелена Карлеуша и Марта Савиќ.
Почнувајќи од 2011 година, бугарскиот пејач Азис активно согоруваше калории во теретана и како одминуваше времето неговиот имиџ во јавниот живот сè помалку наликуваше на травестит.
Неговиот Инстаграм е преплавен со фотографии на кои се гледа дека пејачот драстично го променил својот изглед, и дека сега е вистински мачо маж. Мускулите станаа негов заштитен знак, а многу жени воздивнуваат над него, коментирајќи дека изгледа неодоливо.
„Десет години немам направено трансформации, ова сум јас, природниот изглед е новото црно. Не ја видов вашата претставничка за овогодинешниот избор за песна на Евровизија, но трите девојки од минатата година се вистински бомби. изјави Азис за српските медиуми.
