Со намера да обезбеди виза за Германија, измамен 24-годишник од Дебар

Во Полициска станица Дебар Е.М.(24) од Дебар, пријавил измама извршена од Е.К.(29) со живеалиште во село Боговиње, тетовско.

Откако пријавителот пред една година стапил во контакт со Е.К. во три наврати му дал парични средства во висина од 32,500 денари со намера да му обезбеди виза за Германија, но по исплатата на парите пријавителот не добил виза, а пријавениот не се јавувал на телефон иако го барал во повеќе наврати.

Се вчитува...

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21