Македонија

Со секира украл 8.600 денари од казино – претходно истите ги изгубил на слот машините

Со секира украл 8.600 денари од казино – претходно истите ги изгубил на слот машините

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен битолчанец, бидејќи постои сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 15 декември, во казино на „Широк Сокак“, со закана дека непосредно ќе нападне со опасно орудие – секира врз животот и телото на една оштетена, барал да му се вратат парите, односно 8.600 денари кои ги изгубил играјќи на слот машините.

Поврзана објаваРазбојништво во казино во Битола: Лице со секира одзело 8.600 денари

Изнервиран поради изгубените пари, почнал да замавнува кон оштетената со секирата која ја донел со себе и ја извадил од под јакната.  Таа исплашена од однесувањето на осомничениот извадила од касата 8.600 денари и му ги дала, по што тој си заминал од казиното.

Имајќи го предвид поведението на осомничениот и неговата претходна осудуваност, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик тој да го повтори делото или да се обиде да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни