Со свечена церемонија пред Собранието, претседателот Африм Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на државата.
Посетата започна со тет-а-тет средба помеѓу Јандроковиќ и Гаши, по што следуваа разговори меѓу делегациите на двете земји, на кои учествуваа и двајцата претседатели на парламентите.
Како дел од посетата, Јандроковиќ ќе се потпише во Книгата на впечатоци, а потоа следуваат изјави за медиумите на претседателите на Собранието. Во рамките на официјалната програма, хрватскиот претседател ќе се обрати пред пратениците во 37. седница на Собранието.
Покрај тоа, Јандроковиќ ќе има средба со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Хрватска, како и со членовите на оваа група.