Македонија

Со возило удрил во 13-годишно девојче во скопско Батинци, а потоа побегнал!

Со возило удрил во 13-годишно девојче во скопско Батинци, а потоа побегнал!

На 21.05.2025 во 14:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 9 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и с.Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од с.Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни