Поштата во германското село Свети Никола, до која деца од сите делови на светот повеќе од 50 години испраќаат писма до Дедо Мраз, добила 30.711 писма, најмногу досега.
На писмата одговориле 44 волонтери, а ги испратиле деца од 43 земји.
Со ова беше срушен минатогодишниот рекорд на одговорени писма, кога имаше 866 помалку од годинава.
Најголем дел од писмата дошле од Германија, околу 90 отсто, додека меѓународните писма дошле од Тајван (1.083), Франција (374), Кина (352) …
Волонтерите одговараа на секое примено писмо и го обележаа секој плик со посебна поштенска марка Свети Никола.
