Собрание: Јахоски позитивен на Ковид-19

Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, е позитивен на Ковид-19, соопштуваат од Собранието на Северна Македонија. Тој со симптоми на коронавирусот е примен ноќеска на Инфективна, а тестирањето покажало позитивен тест.

Се вчитува...

Од Собранието потврдија дека е позитивен, и апелираат на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

„Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието,да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.“, се вели во соопштението на Собранието.

.

Извор: ТВ21