Собранието го избра новиот состав на ДИК: Маричиќ претседател, Демири потпретседател

Собранието со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Претседател на Комисијата ќе биде поранешниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ, додека за потпретседател е избран Абдуш Демири.

За членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.