Собранието го усвои „Сејф Сити“ – 81 глас „ЗА“, 19 против

Собранието денеска го усвои Законот за прекршоци, со кој се отвора патот за целосно воведување на системот „Safe City“. За измените гласаа 81 пратеник, додека 19 пратеници се изјаснија против.

Измените беа разгледани и изгласани по скратена постапка. Пратениците од ДУИ и СДСМ беа против, додека останатите партии во собраниската сала ја поддржаа законската иницијатива.

Со стапувањето во сила на промените, системот „Safe City“ ќе почне да функционира со санкционирање на сообраќајните прекршоци во првите градови опфатени со проектот, а во следниот период се очекува проширување на целата територија на државата.