Во Собранието трае расправата за избор на заменици министри во Владата. И на овој втор ден од расправата пратениците од власта и опозицијата поминува во меѓусебни препукувања.
Се вчитува...
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своите обраќања ја нарекуваа власта мафијашка и изнесоа голем број критики за предложените заменици министри.
На ова реагираше и премиерот Зоран Заев кој рече дека не е во ред да се користи таков речник и да се обвинува затскривајќи се зад пратеничкиот имунитет.
Според Деловникот изборот на замениците министри треба да се случи до полноќ.
.
