Македонија

Сомнителна смрт во Тетово: Студентка од Косово пронајдена почината во близина на пазар!

Сомнителна смрт во Тетово: Студентка од Косово пронајдена почината во близина на пазар!

Денес околу 18:30 часот навечер, во близина на зелениот пазар во Тетово, е пријавена сомнителна смрт. Според првичните информации, телото без знаци на живот го открил случаен минувач.

Се сомнева дека жртвата е девојка, студентка во четврта година студии, по потекло од Косово.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале полициски екипи и претставници на Јавното обвинителство, кои спроведуваат истраги за расветлување на причините и околностите на инцидентот.

Телото е испратено на обдукција, додека властите сè уште не дале дополнителни детали за идентитетоt или можните причини за смртта.

Полицијата најави дека подетални информации ќе бидат објавени по завршувањето на прелиминарните истраги.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни