Македонија

Сончево и многу топло – температурите до 42 степени

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни