Македонија

Сончево и топло, температурите до 33 степени

Сончево и топло, температурите до 33 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни