Македонија

Сончево со локална облачност, од петок ќе имаме снег!

Сончево со локална облачност, од петок ќе имаме снег!

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утрото студено со појава на магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со мала облачност.

Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво со услови за појава на магла по котлините. Нови врнежи од дожд се очекуваат во вторник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни