Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Наутро студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Утре и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни