Соништата кои најчесто ги сонувате … Погледнете длабоко во себе и дознајте што ви кажува вашата потсвест. Потсвеста мора да најде лесен начин да стигне до нас.
Анализираме сè по ред, дури и кога не сме свесни за тоа, но затоа сите резултати ги добиваме во сон. Потсвеста мора да најде лесен начин да стигне до нас. Ако некој верува дека ракун што јава мачка е добар знак, тоа значи дека потсвеста ќе го искористи тој знак. И ако човек не го интересираат соништата и мечтаењата, тогаш потсвеста бара полесен начин.
Седум соништа кои најчесто ги сонуваме и што значат:
Летање
Во сон летаат луѓе кои чувствуваат целосна контрола над ситуацијата. Тие буквално „прелетаат“ над проблемот. Понекогаш човек има чувство дека лета многу високо, а тоа предизвикува страв кај него. Ова се случува кога човек чувствува дека ја напуштил „пријатната зона“ и не е сигурен дека ќе се справи со тоа.
Паѓање
Неизвесна иднина, страв дека ќе претрпите неуспех, чувство на безнадежност, неопходност да се донесат судбоносни одлуки – сето тоа влијае на соништата. Како резултат на тоа, гледаме како паѓаме од височина. Паѓањето е симбол на беспомошност. Ништо не може да се промени кога работи гравитацијата.
Смрт
Има многу причини зошто ја сонувате својата или смртта на вашите најблиски: грижа и страв за вашите најблиски, кои се во тешка ситуација, грижа за сопствениот или туѓиот живот. Исто така, причината може да биде преоден период во вашиот живот и болно исчекување на претстојните промени.
Испит
Денеска полагам.
Од што?
Уште не знам, кога ќе одам на факултет ќе ми кажат колегите.
Кога сонувате за испит, тоа значи дека моментално поминувате низ многу важен период. Исто така, можно е да не верувате во себе и во своите способности и потсвесно да очекувате неуспех. Вакви соништа често сонуваат учениците. Причината е, се разбира, загриженоста.
Прогонство
Еден куп нерешени проблеми не ни дава мир во текот на денот и не следи по стапките на кралството Морфеј. Луѓето кои се под некое влијание можат да сонуваат како бегаат и се кријат од некого. Но, постојат и други причини. Можно е тоа да е и одраз на вистински настани кои ги загрижуваат или силен впечаток што некој филм ви го оставил.
Сон во сон
Станувате наутро, се облекувате, појадувате и одите на работа. Тогаш ѕвони будилникот и сфаќаш дека тоа било сон. Се сеќавате ли на тоа чувство на непријатност, поради разделбата со перницата? Ќе мора повторно да го преживеете тоа. Исто како и работниот ден, кој не се разликува од претходните. Таквите соништа им се појавуваат на оние кои влегле во рутина.
Голи сте
Какво чудно чувство… Проклетство, повторно тој проклет сон!
Тоа што го чувствувате за време на сон во кој сте голи е многу важно. Ако чувствувате страв, збунетост, срам, тоа значи дека ве мачи некој проблем, поради кој се чувствувате беспомошно или не сте подготвени за некои промени што ги очекувате. Ако голотијата во сон ве асоцира на слобода, тогаш психолошки сте отворени за промени – пишува Успешна жена.
Сите одговори се во нашата глава. Единственото нешто што е важно е добро да спиеме.
Како го изневерувавте партнерот
Еден од најчестите соништа за водење љубов. Тоа не значи дека навистина го сакате, или дека всушност имате лош љубовен живот, туку дека сакате да скриете нешто од партнерот или веќе сте го излажале, па ве гризе совеста.
Покрај тоа, изневерувањето од соништата може да значи дека сакате да експериментирате, дека сакате да пробате нешто ново, но се плашите дека вашиот партнер не е расположен за тоа.
Како партнерот ве изневерува
Ова често е показател дека не сте сигурни во љубовта на личноста со која сте во врска. Не ви дава доволно внимание и љубов. Можеби се плашите дека ќе ве остави.
Значи, тој сон не е порака за „виша сила“ да внимаваш со кого се гледа партнерот, туку малку да зборуваш за меѓусебните чувства и заедничките планови – пишува трибината.
