Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот е во прекин!

Сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин поради случена сообраќајна несреќа.

Возачите се советуваат да го избегнуваат овој патен правец и да користат алтернативни рути додека траат интервенциите на надлежните служби за расчистување на местото на несреќата.

Засега нема информации за повредени лица ниту за причините за несреќата.