Македонија

Сообраќајна несреќа кај Демир Хисар, тешко повреден малолетник кој возел „шинрај“

Вчера во попладневните часови, во 20.22 часот од страна Итна медицинска помош Демир Хисар е пријавено е дека во с.Утово, на локален пат за с.Смилево, се случила сообраќајна несреќа.

Помеѓу мотоцикл „шинрај“, управуван од малолетник од с.Утово и патничко возило  „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(44) од с.Утово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот од с.Стругово, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид на лице место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни