Македонија

Сообраќајна незгода на планината Бистра – холандски државјанин со возило се излизгал од патот

Сообраќајна незгода на планината Бистра – холандски државјанин со возило се излизгал од патот

РЦУК Гостивар информира дека вчера се случила сообраќајна незгода на планината Бистра.

Имено, холандски државјанин со своето возило, џип, одејќи од Галичник кон Лазарополе се излизгал од патот.

За настанот биле известени од Националниот парк Маврово, Полициската станица Маврово кои се упатиле кон местото на настанот.

Тие го пронашле излизганото возило во планината, а странскиот државјанин е извлечен жив и здрав.

Истиот е префрлен во Маврово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни