Сопругата на Панчо им се заблагодари на лекарите што се грижеле за него: Вие бевте тие што ми дадовте уште седум месеци, седум месеци во кои можев да го гушкам!

Нема утеха за сопругата на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој вчера ја загуби битката со тешката болест.

Нејзините зборови синоќа повторно ја трогнаа јавноста. Под објавата на приватната болница каде што Панчо се лекуваше изминатите месеци, таа напиша емотивна порака исполнета со благодарност и болка:

„Вие бевте тие што ми дадовте уште седум месеци — седум месеци во кои можев да го гушкам и да му кажам сè што не успеавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда, за секој момент, за грижата и љубовта што ја покажавте. Болката е огромна, а знам дека и вие сте скршени“, напиша таа.

Маја и Панчо се венчаа во 2013 година, а нивната љубов беше крунисана со два сина – Андреја и Марјан.

Претходно, таа сподели и потресна порака на социјалните мрежи:

„Не се договоривме вака, душо моја… љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови.“

Семејството, пријателите и фановите на Панчо тагуваат по човекот кој со својата музика и харизма ги освојуваше срцата на сите.