Напуштеното куче кое стана интернет сензација во Кина беше продадено на аукција за 160.000 јуани или 25.000 американски долари.
Кучето Шиба Ину по име Денг Денг било оставено пред седум години во центар за обука на домашни миленици, а неговиот сопственик никогаш не се вратил.
Оттогаш Денг Денг живее во центарот, но никој не плаќа за неговиот престој.
Според пишувањата на медиумите, центарот го тужел сопственикот барајќи да ги плати трошоците, но откако судот во Пекинг не стигнал до сопственикот, кучето старо осум години било понудено на продажба.
Видео рекламата го привлече вниманието на корисниците на кинеската социјална мрежа Веибо, каде многумина изразија сочувство за судбината на кучето.
Онлајн аукцијата привлече огромен интерес, а Денг Денг беше продаден за сума 320 пати повисока од првично побараните 78 долари.
Аукцијата требаше да трае 24 часа, но беше продолжена за уште пет, откако привлече 480 учесници, со 166.000 гледачи.
Идентитетот на сопственикот не е откриен.
