Сопственикот на барот во Кран-Монтана е осуден на три месеци притвор

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на Жак Морети, сопственик на барот „Констелејшн“, каде што во пожар на новогодишната ноќ загинаа 40 лица.

Сопственикот на барот, кој се наоѓа во рамките на луксузното одморалиште Кран-Монтана, доби тримесечен притвор со можност за продолжување, објави „Темп“.

Се вчитува...

Претходно, сопственикот изјавил пред истражителите дека вратата за помош на гостите била заклучена одвнатре.

Првичните наоди покажуваат дека пожарот бил предизвикан од контактот на прскалките со звучноизолационата пена поставена на таванот од подрумот на објектот.

Истрагата исто така испитува присуство и достапност на противпожарни апарати, како и дали излезите од барот биле во согласност со пропишаните стандарди.

Во врска со присуството на малолетници, Морети посочи дека барот забранува влез на лица помлади од 16 години, додека гости на возраст од 16 до 18 години мора да бидат придружени од возрасно лице.

Тој додаде дека обезбедувањето добило соодветни упатства, но е можно да дошло до пропуст. Двојката е осомничена за „убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност“.