Состојба со поплавите предизвикани од поројни дождови

Скопски регион
Kако резултат на невремето кои го зафати Скопскиот регион преку 112 биле пријавени во 12.10 часот откорнати олуци од кров на куќа на Кеј 13-ти Ноември во Маџир Маало.
Во 15.10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на ул. Мајаковски бр. 41 во Дебар Маало. (опш. Центар);
Во 18.40 часот од невремето на 20.08.2022 година бил откорнат лимен кров од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно кровот виси, со што ги доведува жителите во опасност.
Прилепски регион
Подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од ЕЛС Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите. За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на опш. Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош од ЦУК. Заради поплавувањето на подрумските куќи се верши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори а ангажирани биле 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија но не поради дефект туку превентивно, е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани.
Штипски регион
После обилниот дожд во Виница пријавени се 40 објекти како поплавени (куќи и деловни објекти) претежно во подрумските простории. Во интервенциите за испомпување од просториите интервенирале ТППЕ Виница со 3 ПП возила 2 пумпи и 11 пожарникари (користени се и пумпи од ДЗС), ТППЕ-Кочани со 2 мв, 3 пумпи и 6 пожарникари, ЈКП Солидарност Виница со 1 мв 1 пумпа 2 вработени, доброволно ПП друштво од Кочани со 1 пумпа и 2 доброволци 10-тина доброволци граѓани од Виница. Интервенирано е на 20 објекти а интервенцијата се уште е во тек. Нај обилните поплави се случиле на влезот и излезот од градот. Сите релевантни фактори од ЕЛС, ДЗС, РЦУК, ПС се запознаени и биле на лице место. Се пријавуваат и материјални штети кои ќе бидат предмет на понатамошна обработка.
Тетовски регион
На подрачјето на општинаТетово по обилните вернежи има поплавено подруми, гаражи и куќи, исто така излеана е канализација од неколку шахти. Интервенирано од ТППЕ Тетово на патот кон с. Фалише кај надвозникот и патот е во целосен прекин за движење. Исто така патот што води од стадион до Касарна патот е поплавен и е во целосен прекин за движење. Поплавени се улицете, улица 141, улица Фуштанска, улица Илинденска ,улица 114 , улица Мирче Ацев, улица 121. Кризниот штаб е активен. ЈКП Тетово и општина Тетово се на терен со 2 багери и интервенирале на каналот што поминува низ с.Мала Речица. Евакуирани се 10 жители од поплавени куќи во населеното Место викано Горна Чаршија. Градоначалникот на Тетово има доставено барање до ДЗС за помош и нивно активрање за испумпување на куќи и подруми. Во с. Џерма во моментов е уништена куќа, а некои автомобили се блокирани.
Според последните информаци од ЈКП Тетово патот што води кон градот е прооден. Во расчистување на истиот се работелo во текот на цела ноќ и собраќајот во моментот се одвива непречено.