Македонија

Состојбата на училиштето во село Смесница непроменета, Адеми: Работиме за квалитетни услови

Состојбата на основното училиште во село Смесница се уште е непроменета. Целосно е уништенo. Нема вода, а учениците не можат да ги користат тоалетите.

-Како што видовте, сега имаме тоалети, готови се, но не можеме да ги користиме. Водата е елементарна потреба и без вода не можат да функционираат тоалетите и затоа го користат стариот тоалет. Има многу ветувања, но ништо не е направено. Апелирам до нашите министри, раководите, да водат грижа за албанскиот народ.-вели Исмет Саити, жител на Смесница.

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми, вели дека ресорот со кој тој раководи, поставил јасни приоритети за интервенција на местата каде што има потреба. Според него на сите места треба да има училишта и добри услови, без разлика дали станува збор за село или град.

-Во тек се неколку инвестиции, тие можете да ги видете во годишната програма за капитални инвестиции на МОН за 2019 година. Исто така посветено работиме со домашен и меѓународен партнер, секое дете без разлика на населеното место, урбано или рурално, во север или југ, исток или запад на Северна Македонија, да има услови. Секое место треба да има училиште и достоинствени услови за децата да го следат наставниот процес.-изјави Адеми.

Во текот на денешниот ден, министерот за образование, Арбр Адеми, придружен од директорот на Бирото за развој на образованието, претставници на организацијата УСАИД во Македонија и претставници на граѓански организации, го промовираа проектот „Нов концепт за граѓанско образование“.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни