Многу луѓе патат од низок притисок, особено жените. Кај жените, тој може да го наруши менструалниот циклус, а кај мажите понекогаш може да доведе до импотенција. Нискиот притисок е променлив дури и кај здравите луѓе во зависност од влијанието на надворешните фактори, физичкиот напор, психичкиот стрес, како и од проблемите со вените, нивната состојба и еластичност, од јачината на срцето, функцијата на бубрезите и надбубрежните жлезди, како и од функцијата на тироидната жлезда.
За низок притисок или хипотензија, се смета оној кој е понизок од 100/60, измерен повеќе пати.
Луѓето со низок притисок лесно се уморуваат, брзо ја губат енергијата, неретко патат од главоболка a повремено и од несвестица, имаат променливо расположение, честопати имаат болки во мускулите и подобро се чувствуваат кога времето е студено.
Во деновите кога времето е потопло, притисокот опаѓа, а кога е ладно притисокот во телото расте, но сето тоа се менува многу дискретно и организмот тоа добро го поднесува доколку климатските промени не се преголеми и ненадејни.
Нискиот крвен притисок, наспроти наведените симптоми, не претставува закана по здравјето. Воедно, организмот се адаптира на одредениот крвен притисок, па на овие луѓе 90/60 им е нормален притисок, со кој можат нормално да функционираат.
Нискиот притисок не доведува до инфаркт или мозочен удар, како што е случајот кај хипертоничарите, па затоа се вели дека луѓето со низок притисок живеат долго и полошо. Сепак, нискиот притисок се смета за „подобар“ од високиот. Спортистите и луѓето кои често вежбаат имаат низок притисок, бидејќи зголемениот физички напор го смалува притисокот.
Совети:
Доколку имате низок притисок морате секојдневно да внесувате доволно количество вода во организмот, односно 30 мл на еден килограм телесна тежина, како и сол бидејќи таа се поврзува со водата и го зголемува волуменот на крвта којашто циркулира.
Луѓето со крвен притисок мораат да спијат по 8 часа дневно, бидејќи потребата за сон кај лицата со низок притисок е поголема, отколку кај другите луѓе.
Треба да консумираат полесно сварлива храна, да избегнуваат алкохол и жештини и простории во кои има многу луѓе. Исто така треба секојдневно да се бават со некаква физичка активност.
Со кафето треба да бидете внимателни, односно да не пиете повеќе од 2-3 шолји, бидејќи кафето на почетокот го покрева притисокот, но подоцна го снижува исто како диуретиците.
Понекогаш, наизменичното туширање со топла и ладна вода, може да помогне околу кревањето на притисокот.