Северна Македонија официјално заведена под новото државно име во Советот на Европа.
На Интернет страницата на најстарата паневропска организација – Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, земјата сега е заведена официјално како Северна Македонија, според азбучниот редослед на англиски јазик на земјите членки.
Северна Македонија како земја членка сега се наоѓа меѓу Холандија и Норвешка, се до промената на името земјата се водеше под привремената реферeнца „поранешна југословенска Република Македонија“ и таа се наоѓаше меѓу Швајцарија и Турција. Така сега македонското знаме се вее на јарболот пред палатата на Европа во Стразбур, меѓу знамињата на Холандија и Норвешка.
Промената на името е направена и на страницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, делегацијата на Собранието е претставена како делегација на Република Северна Македонија.