За време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не беше направено за Куманово, вели носителот на изборна листа од СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој потенцира дека ниту еден денар не е оставен во овој дел од државата, ниту пак тоа што било направено било соодветно обележано.
„Куманово го оставивте без ниту еден денар во 11 години како власт додека бевте. Единствено нешто што доби Куманово во тие 11 години кога се направи автопатот до Табановце, да не поставите ниту табла и името да не му се знае“, рече Спасовски во ТВ21
Спасовски вели дека во оваа изборна кампања ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат по искрени за да може да се разговара на исто ниво – проекти.
На ова реплицираше Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека очекувал повисоко ниво на дебата од страна на техничкиот премиер, а не како што вели тој да искажува навреди.
„Кога се возите накај Куманово тој автопат што го гледате реконструиран, го направи ВМРО-ДПМНЕ кога беше на Власт, но изгледа не сте го виделе. Јас ветувам проекти и разговарам со граѓаните она што ние може да го оствариме“, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски додаде дека СДСМ само на спотови прикажува проекти, а во реалност тие ги нема никаде.
Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.
.