Македонија

Спасовски: Победа на СДСМ во Маврово Ростуше и во Центар Жупа!

Спасовски: Победа на СДСМ во Маврово Ростуше и во Центар Жупа!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави победа на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше и во Центар Жупа!

„Граѓаните одлучно кажаа дека сакаат да одат напред и го направија вистинскиот избор – јасна порака со која се потврдуваат исправните политики.

Честитки до граѓаните за изборот и посакувам градоначалниците Медат Куртовски во Маврово Ростуше и Аријан Ибраим на Центар Жупа да ги реализираат ветените проекти и да работат исклучиво во интерес на граѓаните“, пишува Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни