Македонија

Спасовски за изјавата на Николовски во “ClickPlus”: Убеден сум дека со ДУИ ќе го реализираме она што сме го договориле (ВИДЕО)

Вчера Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ на гостувањето во ТВ21 во емисијата „КликПлус“, рече дека ако има опструкција на законите, ќе се формира ново мнозинство и ќе се оди на редовни избори.

На оваа изјава денеска коментираше техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Ништо поразлично не кажав јас ниту денеска. И натаму сум убеден дека тоа што сме со договориле, ќе го реализираме околу законите“, рече Спасовски.

И Адеми имаше свој коментар:

„Ќе испратиме соопштение од ДУИ за изјавата на Николовски“, рече Адеми.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни