Македонија

Спасувачка акција во Кичево: Повреден планинар извлечен со помош на локалното население

Спасувачка акција во Кичево: Повреден планинар извлечен со помош на локалното население

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен.

Конкретно преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера во 14.12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над с.Лавчани, поточно на местото ,,Два Камења”, во Општина Кичево, по што координирата акција почнала.

Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и неможноста за пристап за моторно возило, повреденото лице било превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС Кичево го превземале повреденото лице и потоа го пренеле до специјализираната болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо” во Охрид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни