Македонија

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

Денеска, на 21.09.2025 година, во 17:24 часот, е добиена пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени ПС Гостивар и ПС Галате.

Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.

Лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни