СПЕКТАКУЛАРНО ВИДЕО: Метеор помина на небото над Норвешка, постоело можност и да удри во Земјата

Необично голем метеор вчера накратко го осветлил небото над Норвешка, оставајќи зад себе спектакуларен визуелна, но и звучна трага.

Извештајот за прелетувањето на метеорот дошло во 1 час по полноќ, а на социјалните мрежи започнаа да се објавуваат видео снимки од овој редок настан.

Норвешката мрежа за следење метеори во неделата анализирала видеа и други податоци, обидувајќи се да ги утврди потеклото и дестинацијата на овој метеор.

Прелиминарните податоци покажуваат дека постоела можност метеорот да ја погоди Земјата во големото пошумено подрачје на Финамарк, на само 60 километри западно од главниот град Осло, објави норвешката мрежа за набудување на метеорите.

Научниците пресметале дека метеорот се движел со брзина од 15-20 километри во секунда и го осветлил ноќното небо за пет до шест секунди.

Инаку, во извештаите не се споменува дека е направена некаква материјална штета или дека некој особено бил вознемирен од овој настан.