Македонија

Спомен парк за загинатите во несреќата во Ласкарца

Спомен парк за загинатите во несреќата во Ласкарца

За да ги овековечат, на иницијатива на членовите на семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкерца, Јавното претпријатие „Градски паркинг и зеленило“, во малиот парк во центарот на градот, засади 16 дрвца во знак на сеќавање на 16-те жртви на оваа трагедија.

Во наредниот период ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот и ќе биде поставена спомен плоча со имињата на 16-те починати.

„Ја поддржавме оваа иницијатива и дадовме придонес. Дел од просторот во малиот парк во следниот период ќе биде хортикултурно уреден и ќе претставува достојно место кое ќе го чува споменот за трагично изгубените животи, велат од НП „ Градски паркинг и зеленило“..

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни