Според Мицкоски „Отворен Балкан“ има многу недостатоци: „Ќе треба да ја разгледуваме со стратешките партнери“

Иницијативата Отворен Балкан има многу недостатоци и не е комплетна. Нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал сеуште спориме каде се наоѓаат во регионот, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски рече дека секоја регионална иницијатива што може да додаде вредност е добра, но оти работите мора да се гледаат реално.

– Ако веќе имаме таков тип на иницијатива, тогаш таа треба да е комплетна, а вака како што е, не е комплетна. На крајот од денот, целта на сите држави од регионот е членство во рамки на ЕУ, нема побрз проток на луѓе и стоки од тоа кога ќе ги немаме границите кои за жал постојат денеска и за кои за жал  уште денеска спориме каде се наоѓаат  во регионот, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата.