Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград денеска српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, односно литургија на помирувањето.
Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.
– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.
Литургијата започна денеска во девет часот, а ќе ја одржат српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.